Споменикот „Вашингтон“ повторно отворен за посетители
Споменикот Вашингтон е изграден во чест на првиот американски Претседател Џорџ Вашингтон во 1884-та година, што беше оштетен во силниот земјотрес пред три години. Сега по реконструкцијата е повторно отворен за посетители. Правило во Вашингтон е ниту еден објект во главниот американски град да не е повисок од овој обелиск...

Симболот на главниот град на Соединетите Американски држави, споменикот Вашингтон беше оштетен во силниот земјотрес во 2011-та и по речиси тригодишна реконструкција повторно е отворен за посетители.
„Повторното отворање на споменикот е прослава на секојдневните херои коишто можеби немаат споменик, но би го направиле горд Џорџ Вашингтон“, вели Сали Џувел- американски секретар за внатрешни работи.
Реконструкцијата чинеше 15 милиони долари.
„Грижата за спомениците не е можна без дарежливата поддршка на Американците“, изјави Џонатан Џарвис, директор на Националниот парк сервис.
Посетителите цело лето можат со лифт да стигнат до врвот на споменикот Вашингтон, од каде има поглед на Белата куќа и на Конгресот.
169-метарскиот Обелиск е највисокиот објект во градот Вашингтон.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
