Путин и Ким Џонг-Ун на заедничка средба
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун пристигна во Русија. Во фокусот на средбата со претседателот Владимир Путин во Владивосток, повеќе теми. Вашингтон се сомнева дека ќе се потпишуваат договори за оружје, па од Пјонгјанг побара да се придржува до обврските со кои се забранува испорака или продажба на оружје на Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, возврати дека Русија не ја интересираат предупредувања од Вашингтон...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун пристигна во Русија. Во фокусот на средбата со претседателот Путин во Владивосток опфатени повеќе теми.
Вашингтон се сомнева дека ќе се потпишуваат договори за оружје. Побара од Пјонгјанг да се придржува кон обврските со кои се забранува испорака или продажба на оружје на Русија.
За Песков Русија не ја интересираат предупредувања од Вашингтон.
Шефот на руската држава го обвини Западот за уништувањето на светската економија и најави дека Русија развива ново оружје.
„Русија развива оружје со ласерски, ултразвучни и редиофреквентни способности“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Јужна Кореја и Јапонија побрзаа со реакциите за посетата на Ким на Русија.
„Јужнокорејската Влада внимателно ги следи движењата во Северна Кореја во соработка со земји како САД. Русија и Северна Кореја треба да се потсетат на забраните за трговија со оружје и воена соработка воведени со резолуциите на советот за безбедност на ОН и на други меѓународни санкции“, изјави Лимј Су-Сук портпарол на јужнокорејското МНР.
„Владата ќе продолжи да собира и анализира податоци поврзани со разузнавањето и координацијата со САД, Јужна Кореја и другите членки на Меѓународната заедница. Јапонија ќе бара и целосно спроведување на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН“, изјави Мацуно Хироказу шеф на кабинетот на премиерот на Јапонија.
Русија и Северна Кореја ја унапредуваат соработката по руската инвазија на Украина.
Меѓудругото Путин рече дека Западот се обидува да го ограничи развојот на Кина и дека процесот ќе им наштети на западните земји.
„Западот се обидува да го ограничи развојот на кина, бидејќи тие гледаат дека Кина се развива под водството на кинеската комунистичка партија. Прават се за да го забават развојот на Кина“, изјави Путин.
Во Владивосток, економската соработка меѓу Русија и земјите од Азискиот исток е фокусирана на енергенсите и изградба на нова патна и железничка инфраструктура.
