Мадиќ: Со новините во КЗ нема амнестија, ниту пак е направен некаков пазар со ВМРО-ДПМНЕ
„Со новините во Кривичниот законик нема амнестија, ниту е направен пазар со ВМРО-ДПМНЕ“ изјави за МТВ заменик-министерката за правда Аврамовска-Мадиќ. Лога не го менува ставот. Не се согласува. Врховен не дал мислење за спорниот член.Мадиќ ги правда законските измени...

Одделот за казниви дела во Врховниот суд на седница ќе ги разгледува последните измени на Кривичниот законик. Од Судот за МТВ потврдуваат дека Министерството за правда претходно не побарало нивно мислење. Велат и дека немале забелешки за висината на претходните казни, ниту предложиле нивно ублажување.
Врховниот, по Уставниот е вториот суд во земјава кој потврди дека не бил консултиран. Не биле прашани ниту дел од експертите, кои со овој потег на Владата се посомневаа во добрите намери. Заменик министерката за правда која е предлагач на измените во изјава за МТВ демантира дека со нив се крои амнестија и вели оти не се „пазар“ со опозицијата за да гласа за уставни измени. Според неа, ако Владата сакала такво сценарио, ќе го реализирала претходно.
Претседателката на Академијата за судии и јавни обвинители вели – измените треба да ги земат предвид претходните случувања.
Прашањата што се отворија околу измените на кривичниот законик ќе ги одговори министерот Лога на брифинг со новинарите кој треба да се одржи наредните денови. За МТВ првиот човек на Правда изјави иако неговата заменичка тврди дека се на иста линија за измените, тој не се согласува и има резерва затоа што е убеден дека не се вистинско решение.
Анита Димитријевска – Велковска
