ЦУК

Кумановско: Хеликоптери гаснат пожар кој зафати две села

12.09.2023 17:13

Од ЦУК информираат дека пожарот на едниот крак од околу еден километар зафатил сува трева, ниска вегетација и шума, додека вториот се шири кон Стрезовце, каде има и куќи...

Пожарот кој од вчера е активен во кумановско Бељаковце, се прошири и во соседното село Стрезовце, информираат од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето се вклучени армиски и полициски хеликоптери. Од ЦУК информираат дека пожарот на едниот крак од околу еден километар зафатил сува трева, ниска вегетација и шума, додека вториот се шири кон Стрезовце, каде има и куќи. Во текот на ноќта пожарот зафати и напуштена куќа во Бељаковце.

На терен се неколку екипи од противпожарните единици од Куманово и Старо Нагоричане. Во гаснењето утрово беа вклучени и ЕР трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.