ХАСАП системот во угостителството треба да се надградува
Македонските угостители солидни во примената на стандардите од ХАСАП системот во понудата и производството на храната. Инспекциите се перманентно на терен, агенцијата за храна и ветеринарство ги подучува угостителите пред летната сезона...

Угостителите во земјава применуваат ХАСАП стандарди, но треба да се надградуваат, констатираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. На прагот на летото, македонскуте угостители со солидни стандарди во понудата на храната и одржување на објектите.
„Седумдесет до осумдесет насто сите имааат воспоставено добра хигиенска и добра производна практика и имаат имплементирано ХАСАП“, вели Светлана Колариќ, државен советник во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според Агенцијата за ветеринарство и храна, во Македонија се спроведуваат ХАСАП стандардите, но треба и да се надградуваат. Регистрирани се 3 400 угостители во земјава и 12 000 оператори за храна.
Угостителите внимаваат.
„Кај нас личната примена е да ги набавуваме сите продукти од познати фирми каде што се обработени со пастеризација“, вели Зоран Димески, угостител.
ХАСАП системот мора да се надградува според европските стандарди.
„Дали станува збор за подготовка, манипулација или пранспорт, пакување и слично, треба да се направи анализа на опасност на секој чекорм а потоа да видиме дали ќе одиме со имплементација на ХАСП“, вели Колариќ.
Граѓаните главно, немаат забечешки на македонските угостители.
„ Да, применуваат, да... Задоволни сме како муштерии... Се нуди здрава храна, има хигиена, посебно во санитарните јазли, средени се. Градот задоволува... Шест годину сум во Германија. Како што доаѓам секоја година, овде има подобрување во тие работи...“, велат случајно анкетираните грѓани.
За одржување и примена на ХАСАП системот, Агенцијата за храна и ветеринарство во земјава ќе одржи 24 работилници со угостителите.
Елизабета Митреска
