МНР

Рот: Да се надминат блокадите за ЕУ перспектива

12.09.2023 19:08

„Уставните измени се болни, но се неопходни. Затоа сакам да ги охрабрам во парламентот да го сторат најдоброто за да ја вратат земјата на европскиот пат“ – порака од претседавачот на комитетот за надворешна политика на Бундестагот Михаел Рот кој беше во посета на земјава …

Германскиот парламентарец Рот на средбата со министерот за надворешни работи Османи увери дека силната поддршка на Германија на надворешно-политичките приоритети на Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, а значаен фокус стави на парламентарната дипломатија како исклучително важен инструмент во продлабочувањето на севкупната билатерална соработка. Ја повика опозицијата да гласа за уставните промени, зашто како што вели иако е тешко да се постигне компромис меѓу власта и опозицијата, важно е сега според него да се надминат блокадите на патот кон евроинтеграциите.

Министерот Османи истакна дека во преговарачка рамка не се вметнати билатерални прашања, нема да се разговара за идентитетски или историски прашања, туку акцентот ќе биде ставен на почитувањето на малцински и човековите права. 

Рот се сретна и претседателот на Владата Ковачевски.

 

Игор Панов