мвр

Хеликоптерот на МВР исфрли над 30 тони вода, локализиран пожарот кај Бељаковце и Стрезовце

12.09.2023 20:36

Одделот за воздухопловни единици на МВР го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран..

Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Бељаковце, кој се проширил на два крака и кон селото Стрезовце, го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.

Хеликоптерот Бел-412 ЕП врз пожарот исфрли над 30 тони вода, информираат од МВР.