Струшкиот музеј „Никола Незлобински“- најстар во Македонија

24.05.2014 14:40

Струшкиот музеј „Никола Незлобински“ е најстарата институција од ваков вид во земјава. Почна како музеј на автохтоната флора и фауна во регионот и прерасна во национална установа – носител на културните и научните достигнувања. Деновиве пред јавноста постави изложба со мотиви од два археолошки локалитета...

Музејот во Струга работи на два големи локалитети кои се истражени, но за жал јавноста немала можност истите да ги види. Од овој аспект, музејот Никола Незлобински направи изложба, за да ја презентира на струшката, културната јавност, па дури и на научната јавност сите артефакти кои досега се пронајдени таму.

Станува збор за два археолошки локалитета, едниот е „Устие на Дрим“ праисториска наколна наслеба, а вториот локалитет е една „Хелинистичка некропола“ која своевремено била откриена во самиот центар на Струга. Локалитетот на „Уста на Дрим“ тоа е денешниот истек на Дрим, тоа е стар термин кој го презедовме, но и стружани го знаат како „Уста на Дрим“ ние го прифативме, но и науката го прифати како таков и се наоѓа точно на истекот на Дрим. Шеесеттите години кога е истражуван тој локалитет делумно е истражен и има уште простор што треба да се доистражи објаснува Сашо Цветковски, директор на Природно- научниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ во Струга.

Еден од локалитетие кој беше презентиран е многу интересен за стружани, бидејќи некои и воопшто не се информирани дека во самата струшка чаршија постои таков локалитет:

Локалитетот на „Карѓулевци“ е интересен бидејќи е во самиот центар на Струга, во центарот на старата чаршија. Многу малку знаат дека тука постои таков локалитет тоа е многу интерсен хеленистички локалитет со луксузни наоди, керамички наоди кои говорат за еден инпорт. Тие не се овде произведувани, туку се увезувани од големи хеленистички центри, потенцира директорт Цветковски.

Музејот во Струга е всушност и првиот музеј основан во Република Македонија.

Во 1926 година во Струга пристигнал доктор Никола Незлобински да ги лекува стружани од маларија. Од природните убавини, артефактите кои ги пронашол тука под ова поднебје но и флората и фауната го натерале да ги смести во едно, поточно во 1928 година да го отвори и првиот музеј во Р. Македонија во Струга.

 

Јованчо Наумоски