Временска прогноза
Сончево и топло со мала облачност
13.09.2023 08:18
Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време. Во попладневните часови ќе има мала локална облачност...

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време. Во попладневните часови ќе има мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени, а максималната ќе достигне 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.
