Македонија

Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика

13.09.2023 09:06

На дневен ред се два закони по скратена постапка и тоа Предлог на закон за регистар на задолжително социјално осигурување и Предлогот на закон за системот за проценка на лица со попреченост.

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ќе одржи седница. На дневен ред се два закони по скратена постапка и тоа Предлог на закон за регистар на задолжително социјално осигурување и Предлогот на закон за системот за проценка на лица со попреченост.

Пратениците треба да ги разгледаат и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејство, во второ читање, како и годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2022 година и Финансиски извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022година ревидирана од овластен ревизор.