Уставен суд

Уставен суд ќе ги разгледува предметите оформени по иницијативите од Министерството за правда

13.09.2023 09:07

Уставниот суд во текот на месец јули годинава оформи десет нови предмети по поднесени иницијативи од Министерството за правда, со потпис на министерот Кренар Лога. Два од овие предмети ќе бидат ставени на дневен ред за дискусија на денешната седница Уставниот суд...

Уставниот суд во текот на месец јули годинава оформи десет нови предмети по поднесени иницијативи од Министерството за правда, со потпис на министерот Кренар Лога. Два од овие предмети ќе бидат ставени на дневен ред за дискусија на денешната седница Уставниот суд.

Станува збор за предметот во врска со оспореното Упатството за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на одлуката за методологија за управување со ликвидносниот ризик, поднесено од Гувенер на Народна банка на РСМ, како и за оспорениот Правилникот за содржината на студиските програми, донесен од Национален совет за високо образование и научно истражувачка дејност.

Сите иницијативи, како што информираат од Уставниот суд, содржат исти наводи, односно во сите иницијативи се оспорува рокот на објавувањето на актите во Службен весник, како спротивен на Уставот.