Данкан и пресуди на Атланта
Атланта на Перо Антиќ загуби од Сан Антонио со 102-100, со кош на Тим Данкан на четири десетинки до крајот на натпреварот во „Аламо домот“. Не само поради решавачкиот поен, херојот на вечерта лесно се препознава и поради новиот рекорд на Данкан. Тој е највозрасниот кошаркар во професионалната конкуренција со повеќе од 20 поени и 20 скока на еден меч. На ноќешниот, 37-годишниот Данкан забележа 23 поени и 21 скок. Македонскиот интернационалец Антиќ не доби минутажа против Сан Антонио кој го дели врвот на западот со Портланд.
Атланта на Перо Антиќ загуби од Сан Антонио со 102-100, со кош на Тим Данкан на четири десетинки до крајот на натпреварот во „Аламо домот“. Не само поради решавачкиот поен, херојот на вечерта лесно се препознава и поради новиот рекорд на Данкан. Тој е највозрасниот кошаркар во професионалната конкуренција со повеќе од 20 поени и 20 скока на еден меч. На ноќешниот, 37-годишниот Данкан забележа 23 поени и 21 скок. Македонскиот интернационалец Антиќ не доби минутажа против Сан Антонио кој го дели врвот на западот со Портланд. Во дербито на вечерта „Блејзерс“ и го нанесоа вториот сезонски пораз на екипата со најдобар биланс - Индијана. Најголем придонес за успехот на Портланд имаше Ламаркус Олдриџ со 28 коша и 10 скока. За Индијана не помогнаа ниту 43-те коша на Пол Џорџ, но и покрај загубениот меч со 16 победи на 18 средби „Пејсерс“ се на врвот на лигата.
Најдолго се играше на дуелот меѓу Чикаго и Њу Орлеанс. Дури по три продолженија сладок триумф оствари гостинскиот состав од Њу Орлеанс со 131-128. Вашингтон го искористи домашниот паркет против Орландо со 98-80, а тоа важи и за Јута против Хјустон со 109-103.
***
НБА резултати:
Сан Антонио – Атланта 102-100
Портланд – Индијана 106-102
Чикаго – Њу Орлеанс 128-131 (три продолженија)
Вашингтон – Орландо 98-80
Јута – Хјустон 109-103
