Мерките за вработување активно се искористуваат во Чешиново- Облешево

24.05.2014 14:42

Во општина Чешиново-Облешево се отворени 15 фирми со искористување на мерките што ги нуди агенцијата за вработување. За дополнително намалување на невработеноста, агенцијата за вработување во ова општина отвора и своја канцеларија...

Најмалку 50 жители од општината Чешиново Облешево  за една година  го променија статусот од невработени во вработени, благодарение на активните мерки за вработување што ги нуди државата:

„Отворивме 15 фирми со мерката за самовработување со неповратни средства, исто толку фирми со самовработување со кредитирање, а неколку фирми се отворија и со мерката субвенционирано вработување“ , изјави Звонимир Паунов, директор на Агенција за вработување Чешиново – Облешево.

Какви се ефектите од дел од мерките на ниво на држава?

„На глобално ниво  во република Македониија досега се искористени неповратни грантови за отворање на 5.803 бизниси, тука е и проектот самовработување со кредитирање во чии рамки се регистрираа околу 1.250 зејоделци“, потенцира Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на РМ.

Во обид, бројот на невработени да го намали, а искористеноста на мерките да ја зголеми,  државата отвора канцеларија на агенцијата и во Чешиново – Облешево, каде работа чекаат 400 невработени.

„Ова е голем бенефит за граѓаните. Ги подобруваме условите и даваме поголеми можности за запознавање со понудите на Агенцијата за вработување, смета Костадин Личков, градоначалник на Чешиново – Облешево.

Инаку, во моментов во 11 општини од Источниот регион работа активно бараат 11.700 лица.  Во овој период во тек се конкурси за 8 активни мерки за вработување кои се однесуваат и на невработените и на работодавачите.

 

Оливера Жежова