Русија

Средба Путин-Ким на космодромот во Восточни

13.09.2023 09:23

Кремљ потврди – средбата меѓу Ким и Путин е фокусирана на соработка во чувствителните области, но деталите нема да бидат објавени...

Кремљ потврди – средбата меѓу Ким и Путин е фокусирана на соработка во чувствителните области, но деталите нема да бидат објавени. Соопштението му претходеше на состанокот на космодромот во Восточни. Севернокорејскиот лидер и рускиот претседател се обидуваат да ги усогласат интересите во период на интензивирани конфронтации со САД. Вашингтон тврди дека Путин бара пристап до севернокорејските залихи со муниција кои би ги користел во војната во Украина.

„Почитуван претседателе, драго ми е што ве гледам повторно, добредојдовте во Русија. Овој пат се договоривме на космодромот на Восточни“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

„Русија води света војна за да си ги одбрани суверенитетот, безбедносните интереси и правдата од хегемонистите. Секогаш на руската влада ѝ даваме целосна и безусловна поддршка за акциите. Во оваа пригода сакам да потврдам дека секогаш ќе стоиме до Русија на антиимперијалитсичкиот фронт“, изјави Ким Јонг Ун, претседател на Северна Кореја.

Претходно Пјонгјанг истрела две балистички ракети со краток дострел кон морето. Јужнокорејската војска го зголеми надзорот во соработка со Соединетите држави.