САД
ИОМ: Границата со Мексико – најопасна копнена рута за мигранти
13.09.2023 09:24
Границата меѓу САД и Мексико беше најопасната копнена рута за мигрантите во 2022 година...

Границата меѓу САД и Мексико беше најопасната копнена рута за мигрантите во 2022 година. 686 лица загинале или исчезнале, се наведува во извештајот на Меѓународната организација за миграција.
Недостасуваат официјални податоци од Тексас и мексиканската Агенција за потрага и спасување.
Половина од смртните случаи се регистрирани во пустините Сонора и Чивава.
Најголемиот број од жртвите се од Мексико, Гватемала и Куба.
