Македонските фудбалери со победа се враќаат од Малта

13.09.2023 09:39

Елиф Елмас ѝ донесе на македонската репрезентација рано водство веќе во 5-та минута, а во финишот на првото полувреме Јован Манев со дебитантскиот гол во репрезентативниот дрес го удвои водството. Двоен асистент беше капитенот Енис Барди.

Македонската фудбалска репрезентација вчера ја совлада Малта на гостински терен со 2-0 (и со освоените три бодови ги задржа шансите за пласман на ЕУРО2024.

Елиф Елмас ѝ донесе на македонската репрезентација рано водство веќе во 5-та минута, а во финишот на првото полувреме Јован Манев со дебитантскиот гол во репрезентативниот дрес го удвои водството. Двоен асистент беше капитенот Енис Барди.

Македонските фудбалери во октомври ги очекува уште еден натпревар, против Украина на гостински терен пред завршните два дуели во ноември против Италија и Англија.

По пет одиграни македонската репрезентација е на четвртото место во квалификациската група Ц со седум бодови, колку што и имаат и второпласираната Италија и Украина на третото место. Англија е лидер со 13 бодови, а Малта на последното место без освоен бод. 

 

Фото: МИА