Фудбал

Бразил со втора победа во квалификациите за Светското првенство

13.09.2023 09:49

Репрезентацијата на Бразил стигна до вториот триумф во квалификациите откако минимално го победи Перу со 0-1...

Фудбалската репрезентација на Бразил дојде до втората победа во квалификациите за Светското првенство, но многу потешко од очекуваното на гости кај Перу. Репрезентацијата на Бразил стигна до вториот триумф во квалификациите откако минимално го победи Перу со 0-1.

Маркињос на асистенција на Нејмар донесе три бода со гол во 90. минута. Еквадор на домашен терен славеше над Уругвај со 2-1. Гостите поведоа преку Канобио во 38. минута со 0-1. Сепак, Торес до два гола донесе триумф за домаќинот.

Во останатите мечеви, Аргентина ја победи Боливија со 0-3, Венецуела го совлада Парагвај со 1-0, додека Чиле и Колумбија ремизираа без голови.