Министерство за транспорт и врски
Објавен оглас за распределба на социјални станови во Неготино
15.09.2023 08:21
Министерството за транспорт и врски денеска објави Оглас за распределување на 62 социјални станови во општина Неготино...

Врз основа на Одлуката за распределба на социјални станови, Министерството за транспорт и врски денеска објави Оглас за распределување на 62 социјални станови во општина Неготино во станбенa зградa на улицa „Едвард Кардељ“ бр.52, изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија.
Сите детални информации за условите за аплицирање ќе може да се најдат на веб страната на министерството www.mtc.gov.mk и во Центарот за социјални работи во Неготино.
