Црвен крст: Помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Мароко
Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети, и се вклучува во објавениот Апел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко.

Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Мароко на 8-ми септември, предизивика големи разурнувања и за жал загинаа и беа повредени илјадници луѓе.
Мароканската Црвена полумесечина реагираше веднаш, обезбедувајќи прва помош и психо - социјална поддршка, помагајќи во транспортот на повредените во болниците, евакуацијата на луѓето од оштетените згради.
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената Полумесечина објави Апел за помош во висина од 100 милиони CHF за поддршка на Мароканската Црвена полумесечина во обезбедување на потребите за итно и рано закрепнување на 500.000 погодени луѓе. Приоритетите вклучуваат обезбедување храна и безбедна вода, основни предмети за домаќинство, поддршка во засолниште, здравствени и ментални здравствени услуги и парична помош.
Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети, и се вклучува во објавениот Апел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Мароко.
Може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
