Награда за претставата „Лепа Вида“ на Марјан Неќак во Ниш
Претставата е во изведба на Националното гледалиште од Копер и Словенечкото постојано гледалиште од Трст...

На годинашното издание на фестивалот во Ниш, Србија, „Театар на крстопат“, претставата „Лепа Вида“ ја доби наградата за најдобра сценска музика. Претставата е во изведба на Националното гледалиште од Копер и Словенечкото постојано гледалиште од Трст. Марјан Неќак е режисер, композитор и сценограф на претставата.
Образложението на жирито е дека со вешто комбинирање и свирење музика, инструменти и вокал, авторот не води низ емоциите и атмосферата што ја дефинираат целата претстава.
Драматург е Сташа Прах, кореограф Клемен Јанежиќ, костимограф Јелена Проковиќ, автор на видеопроекцијата Марин Лукановиќ, светло Марјан Неќак, Вид Принчиќ и Амар Феризовиќ. Во претставата играат Ања Дрновшек, Рок Матек, Данијел Малалан и Блаж Поповски.
Митот за Лепа Вида е од посебно значење за словенечкиот национален идентитет и крие одредени особини и судбоносни пресврти карактеристични за нашата колективна свест и нашата душа.