Велес

Велешки театар со две претстави на фестивал во Пловдив

13.09.2023 11:46

На театарскиот фестивал во Пловдив, Бугарија, Велешки театар учествува со две претстави. Претставата „Едвард Втори“, по премиерата на Охридско лето ќе ја има и премиерата во театарот од Пловдив со кого е работена во копродукција…

Велешкиот театар е учесник на фестивалот „Сцена на крстопатот“ кој се одржува во Пловдив, Бугарија. На програмата се 11 претстави, меѓу нив и две во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, „Едвард Втори“ и „Нема струја за електричен строј“. Претставите ќе бидат одиграни на 14-ти и 15-ти септември.

Претставата „Едвард Втори“ на украинскиот режисер Андреј Жолдак ќе ја има бугарската премиера, бидејќи таа е копродукција со театарот од Пловдив.

На програмата ќе биде прикажана и претставата „Нема струја за електричниот строј“ во режија на Дејан Пројковски, која е работена по текст од бугарскиот автор Александар Секулов. Во двете претстави игра актерот Васил Зафирчев.

Фестивалот нема натпреварувачки карактер, а гости освен од Македонија има и од Грција. Соработката на театарот од Пловдив и велешкиот театар започна минатата година со учеството на Бугарите на фестивалот на античка драма Стоби, со претставата „Одисеј“.

 

Петар Печков