Народен правобранител

Зибери: Има сериозна повреда на правата на граѓаните во случајот „Онкологија“

13.09.2023 12:15

Во одговор на новинарско прашање, омбудсманот нагласи дека примерот на Онкологија е само еден од примерите кои најпластично ги покажуваат проблемите со кои се соочуваме во здравството.

Има сериозна повреда на правата на граѓаните во здравствената заштита во случајот „Онкологија“. Се надевам дека ќе добијат судски епилог, изјави народниот правобранител Насер Зибери денеска во Штип.

Во одговор на новинарско прашање, омбудсманот нагласи дека примерот на Онкологија е само еден од примерите кои најпластично ги покажуваат проблемите со кои се соочуваме во здравството.

„Се надевав многу дека со доаѓањето на новиот министер ситуацијата ќе се подобри и уште тогаш реков дека ние ќе ја следиме состојбата и тоа не само во делот на Онкологија, туку и во други области од здравствената заштита, но како одминува времето се гледа дека проблемите во тој ресор се сериозни“, изјави омбудсманот Зибери.

Зибери информираше дека уште пред шест месеци бил отворен предмет за недостиг на потребните лекарства за третман на пациентите на Онкологија.