Фон дер Лајен: Мора да дефинираме визија за да го спроведеме проширување на ЕУ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Европскиот парламент зборуваше за состојбата на Европската унија, за достигнувањата и за плановите на Унијата. Главната порака е дека денес Европа мора да одговори на повикот на историјата и како што тоа го направи по Втората светска војна, кога се појави и почна да се применува идејата за европска интеграција...

Претседателката на Европската комисија, пред Европскиот парламент јасно порача дека процесот на проширувањето и продлабочувањето на интеграцијата на Европската унија треба да се одвиваат заедно, односно, мора да се направат двете за да Европската унија се стекне со геополитичката поента и потребните капацитети за да дејствува.
„Некои се обидуваат да ги земат земјите една по една, ние не можеме да си дозволиме да ги оставиме нашите сограѓани европејци зад нас. Во свет каде големината и тежината се важни, јасно е дека е во стратешки и безбедносен интерес на Европа да ја комплетира нашата Унија“, рече Фон дер Лајен.
Фонд дер Лајен, не даде датуми за проширувањето и продлабочувањето на Европската унија, како претседателот на Советот, индиректно одговарајќи му на францускиот претседател дека Унијата може да се проширува и дека „мора да дефинираме визија за да го спроведеме проширување“.
Таа нагласи дека Годишните извештаи за владеење на правото како клучен приоритет, покрај земјите членки ќе се прават и за идните земји-членки и ќе ги поддржи и во нивните реформски напори.
„Пристапувањето е процес заснован на заслуги и Комисијата секогаш ќе го поддржува овој принцип. Прашањето не е да се избере помеѓу продлабочување на интеграцијата или проширување на Унијата. Можеме, и мораме, да ги направиме и двете. Да ни ја даде геополитичката тежина и способности неопходни за дејствување. Тоа е она што нашата Унија отсекогаш го правела“, нагласи Фон дер Лајен.
Таа смета дека и следното проширување мора да биде катализатор за напредок.
Тони Гламчевски
