Росберг најбрз на „своите“ улици
Пред една година стартуваше од пол-позицијата и стигна до победа, сега е пред истата шанса. Нико Росберг во директна битка со својот тимски колега од Мерцедес ,Лиус Хамилтон стигна до својата 6-та пол позиција во кариерата и ако се следи традицијата од последните 10 години кога само еднаш на улиците на Монте Карло слевел возач и тоа Хамилтон што не бил на пол , тогаш Росберг е пред убава можност одново да триумфира во градот во кој израснал, но и да ја прекине доминацијата на Луис од 4 едноподруго победи во тековната сезона.

Двата Мерцедеса одново се во првиот ред, но дека битката се вжештува потврдија Рикардо и Фетел поставувајќи ги двата Ред Була веднаш зад сребрените стрели, а интересно третиот ред на стартот во црвено ќе го обојат болидите на Ферари со Алонсо и Раиконен.Меѓу првите 10 на денешните квалификации место изборија и Верњ, Магнусен , Квјат и Перез. Во квалификациската сесија што мина без поголеми инциденти најголем губитник е Маса кој по контакт со Ериксон во финишот на првиот дел , воопшто и не излезе на патеката во втората сесија од квалификациите.
Престижната трка во градот на гламурот и богатството е утре од 14 часот со пренос на првиот програмски сервис на МРТ.