Земјотресот во Грција, почуствуван и во Македонија

24.05.2014 13:35

Земјотресот е почуствуван и на територијата на Македонија и тоа во југоисточниот дел на Републиката со интензитет од IV степени...

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово, денес во 11 часот и 24 минути, регистрираа силен земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Егејското More, на 400 километри југоисточно од Скопје. Јачината (магнитудата) на земјотресот беше 6.6 степрни степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е почуствуван и на територијата на Македонија и тоа во југоисточниот дел на Републиката со интензитет од IV степени, а во централниот и северниот дел со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала-1998.