Украина
Напад врз бродоградилиште на Крим
13.09.2023 18:31
Според руското Министерство за одбрана, Киев лансирал 10 крстосувачки ракети кон бродоградилиштето и три беспилотни летала врз руски бродови во Црно Море...

Најмалку 24 лица се ранети во украински напад врз бродоградилиште на Крим под контрола на Русија. Според руското Министерство за одбрана, Киев лансирал 10 крстосувачки ракети кон бродоградилиштето и три беспилотни летала врз руски бродови во Црно Море. Во меѓувреме, Естонија, Литванија и Летонија ги затворија границите за возила регистрирани во Русија.
Романија пак, почна да гради засолништа со цел да ја осигура безбедноста на жителите на селата кои се наоѓаат на границата со Украина.
