ГРЕНЛАНД

Се заринка Крузер со 206 патници

13.09.2023 19:00

Во соопштението на арктичката команда на данската војска се вели дека нема повредени и опасност врз луѓето или врз животната средина. Најблизу до насуканиот крузер се наоѓа инспекциски брод...

Луксузен брод на австралискиот оператор „Оушн Експлорер“ со 206 патници се насука во северозападниот дел на Гренланд. Во соопштението на арктичката команда на данската војска се вели дека нема повредени и опасност врз луѓето или врз животната средина. Најблизу до насуканиот крузер се наоѓа инспекциски брод.

Властите очекуваат помошта да пристигне во петок наутро.