свет

Во Шпанија зголемен бројот на заразени од коронавирус

13.09.2023 21:11

Според епидемиолозите, бројките се вообичаени по летните одмори...

Расте бројот на заразени со коронавирусот во Шпанија. Според епидемиолозите, бројките се вообичаени по летните одмори. Здравствените власти тврдат дека се работи за подваријанти на „омикрон“ сојот, а бројот на лица задржани во болниците е стабилен. Останува предупредувањето да се заштитат возрасните и граѓаните со хронични болести.

Националниот институт за јавно здравство на Косово објави дека во изминатите две недели, во земјата е регистриран еден смртен случај и речиси 70 заболени со коронавирус.