Русија

Реакции по средбата Путин - Ким

14.09.2023 09:37

Реакции по средбата Путин – Ким. Подготвеност за поголема соработка на воен план. рускиот претседател и севернокорејскиот лидер не разговарале за набавка на оружје и техничка воена помош, рекоа од Стејт департментот реагира – се гледа безусловна поддршка за света војна...

„Ким Јонг Ун го поканил Владимир Путин да ја посети Северна Кореја“ – објавија дел од азиските медиуми. Двајцата лидери изразиле подготвеност да ја продлабочат соработката во наредните 100 години.

Во извештајот по средбата во Восточни се наведува дека Ким бил информиран за техничките детали за руските вселенски летала. Шефот на Русија и челникот на Северна Кореја не разговарале за набавка на оружје, трговија со оружје или техничка помош за програмите за оружје меѓу двете земји.

За ова прашање претходно изразија загриженост САД, Јапонија и Јужна Кореја.

„Проблематично е што Русите зборуваат за соработка со Северна Кореја во програмите кои може да ги нарушат резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите Нации за кои гласаше и Русија. Ние, очигледно, ги немаме сите детали од состанокот или за можниот исход. Но го гледаме Ким како изразува целосна, безусловна поддршка за т.н. „света војна“ за одбрана на безбедносните интереси“, изјави Метју Милер - портпарол на Стејт департментот.

„Постои можност дека ќе се прекрши релевантната резолуција на Советот за безбедност на Обединетите Нации со која целосно се забранува набавка на оружје и залихи за Северна Кореја. Ова прашање го следиме со голема внимателност, но и загриженост“, изјави Јоко Камикава - министер за надворешни работи на Јапонија.

Разговорите траеја околу два часа. Според Кремљ, се дискутирало и за испраќање севернокорејски космонаут во вселената.