САД

Торнадо предизвика штета на неколку локации во САД

14.09.2023 09:37

На овие места е активирана операција за вонредна состојба, временските услови внимателно се следат....

Националната метеоролошка агенција на Бостон објави снимки на кои се гледа торнадо, кое оштетило дрвја и далноводи на Роуд Ајленд и во Конектикат. На овие места е активирана операција за вонредна состојба, временските услови внимателно се следат.

Во последните денови ураганот „Ли“, претставува закана за појасот кој се протега од Стонингтон, Мејн до границата со Канада. За петок и сабота се најавени поројни дождови и поплави.