УНДП организира панел-дискусија за справување со дезинформациите и лажните вести
По повод Меѓународниот ден на демократијата, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска во Музејот на современа уметност во Скопје организира панел-дискусија „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик за изборниот процес“...
По повод Меѓународниот ден на демократијата, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска во Музејот на современа уметност во Скопје организира панел-дискусија „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик за изборниот процес“, на која ќе се дебатира за лажните вести и дезинформациите и нивното силно влијание врз демократските процеси.
УНДП соопшти дека одлучиле да го одбележат Меѓународниот ден на демократијата со панел-дискусија имајќи ја предвид, како што посочува „изложеноста на граѓаните на Северна Македонија на дезинформации, како и претстојните избори во земјата“.
