Македонија
МВР: 101 санкција за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола
14.09.2023 10:18
Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 101 возач, меѓу кои 69 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 7 мерки за возење без возачка дозвола, 4 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
