УХМР

Намален водостојот на Преспанско и на Дојранско Езеро

14.09.2023 10:40

Големо намалување на водостојот во споредба со вчера има и реката Вардар на мерното место кај Јегуновце каде нивото е повеќе од двојно пониско од вчерашното.

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанско, а за два на Дојранско, додека нивото на Охридско Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостојот на Преспанското Езеро е на два сантиметра под апсолутно појавениот минимум и е за 1,84 метри понизок од повеќегодишниот просек за септември.

Нивото, пак, на Дојранско Езеро е повисоко од просечното и тоа за 1,82 метра исто како и на Охридско Езеро кое е повисоко за само еден сантиметар.

Големо намалување на водостојот во споредба со вчера има и реката Вардар на мерното место кај Јегуновце каде нивото е повеќе од двојно пониско од вчерашното.

Најголемо, пак, зголемување на водостојот речиси двојно во споредба со вчера има реката Струмица на мерното место кај Ново Село.