Црна Гора
Обиена архивата на Вишиот суд во Подгорица
14.09.2023 11:07
Непознати лица ископале тунел од стан од соседна зграда, а ѕидот го пробиле со помош на камион. Шест лица се осомничени..

Обиено депото на архивот на Вишиот суд во Црна Гора. Непознати лица ископале тунел од стан од соседна зграда, а ѕидот го пробиле со помош на камион. Шест лица се осомничени.
Премиерот Абазовиќ го нарече настанот како рубрика од „Верувале или не“, критикувајќи го Вишиот суд што не поставил камера која чини околу сто евра. Во депото на судот, според локалните медиуми, имало повеќе од девет тони дрога, 400 парчиња оружје, муниција, експлозиви и голем број документи.
