Македонија го чествува денот на Светите Кирил и Методиј

24.05.2014 17:18

Исправени пред предизвикот за описменување на словенските народи, креаторите на нашето слово ја создадоа глаголицата и ги удрија темелите на македонската литература.  Земјава го чествува денот на светите Кирил и Методиј и нивното писмо со 38 буквени знаци со кои отпочна нова ера во светската историја.

Молебен пред споменикот во најстариот универзитет во државата одржа поглаварот на МПЦ. Присуствуваа ректори и познати професори од државите во опкружувањето.

„Универзитеот Свети Кирил и Методиј во Република Македонија со право го носи приматот на најдобро рангиран универзитет и очекувам во идниот период со многу поголем интензитет да се спроведуваат сите програми кои во најголем дел ќе им овозможат зголемена конкурентност на студентите и дипломците да обезбедат што поголем број на работни места“, изјави министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Универзитетот во чест на големиот празник додели награди и почесни титули на домашни и странски гости.

„Денес универзитетот е една голема академска заедница со 24 факултети, 5 научно- истражувачки институти и 5 придружни членки со повеќе од 3.300 вработени и 60.000 студенти и единствен универзитет во Македонија каде студентите имаат избор да се запишат на повеќе од 500 наставни програми“, изјави ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски.

И подмладокот на владејачката партија, во чест на словенските браќа одржа трибина.

Искрата на сесловенското просветителско учење почнува одовде. Во 11 век Црквата го поставува 24 мај за ден на просветителите. Празникот се одбележува во земјава од 1860 година.

Анита Димитријевска