Македонија

Пожар во производствен објект на патот Тетово - Попова Шапка, има повредени пожарникари

14.09.2023 11:15

Пожарот бил пријавен во 6 часот и 15 минути на бројот за итни случаи...

Пожар избувна во производствено-деловен објект на патот од Тетово кон Попова Шапка и сè уште се гаси од тетовските пожарникари. Пожарот бил пријавен во 6 часот и 15 минути на бројот за итни случаи.

Тетовските пожарникари сè уште интервенираат на гаснењето на огнот и ликвидирање на пожарот.

„При интервенцијата има и повредени пожарникари, сè уште интервенираме“, информираше командирот на тетовската пожарна, Авни Амети.