Собрание

Барањето за анкетна комисија за Онкологија утре на седница на Комисијата за политички систем

14.09.2023 11:58

Освен ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, формирањето на ваква анкетна комисија го поддржува и владејачката СДСМ и нивните коалициски партнери...

Во Собранието утре е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со единствена точка на дневен ред Предлог на Одлука за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија.

Формирањето на анкетната комисија е на барање на 20 пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која достави Предлог- одлука за основање на комисијата до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Освен ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, формирањето на ваква анкетна комисија го поддржува и владејачката СДСМ и нивните коалициски партнери. Пратениците на ДУИ, пак, сметаат дека Обвинителството и надлежните институции треба да си ја завршат својата работа.