Македонија

Предлог-закон за амнестија: Укинување на затворските казни за сторителите на лесни кривични дела

14.09.2023 12:00

Околу 250 затвореници од казнено поправните установи ќе бидат амнестирани од вкупно 2.345 осудени лица – соопштуваат од Управата за извршување на санкциите...

Околу 250 затвореници од казнено поправните установи ќе бидат амнестирани од вкупно 2.345 осудени лица – соопштуваат од Управата за извршување на санкциите.

Според Управата само 10 проценти од осудените, ќе бидат опфатени со новиот Предлог-закон за амнестија на Министерството за правда. Со Предлог-законот се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела. Се очекува да биде усвоен на наредната седница на Влада.

Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци потполно да се ослободат од издржување на казната.

Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право.