Разрешена директорката на Филхармонија
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја разреши директорката на националната филхармонија Тина Иванова, како и членовите на Управниот одбор на установата...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја разреши директорката на националната филхармонија Тина Иванова, како и членовите на Управниот одбор на установата. Одлуката е донесена по извршениот увид во работата на Филхармонија од страна на Комисија именувана од Министерството за култура.
Комисијата открила низа неправилности па Образложението за разрешување се повикува на Законот за користење и располагање со работите во државна и општествена сопственост, според кои директорката Иванова требало да постапува совесно, економично, соодветно, уредно, навремено и со склучените договори и правилници при издавање на просториите од Филхармонија. Директорката пак на Филхармонијата, Тина Иванова, по повод нејзиното разрешување од работната функција вели дека тоа се случило бидејќи застанала на страната на колективот, а не поради несовесно работење.
Тврди дека ја разрешуваат поради непослушност. Вели дека после месеци тортура врз неа и колективот од страна на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, на некој начин разрешувањето и претставува и растоварување од континуираниот мобинг зашто сите тие притисоци, навреди, обиди за понижувања, се нешто неразбирливо за нејзиниот урбан културолошки карактер.
