Интензивно се гради делницата Прилеп- Битола, дел од Коридорот 10-д
Во моментов во тек се саеми за работа на Коридорите 8 и 10-д, коишто најави дека ќе се организираат насекаде низ државава. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека градежните активности на терен добиваат своја динамика.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод интензивирањето на градежните работи за изведба на автопатот Прилеп-Битола, при што се изврши минирање. На настанот присуствуваа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вршителот на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, Ерик Мејер, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, и оперативниот директор на „Бехтел“, Џош Бејкер.
„Со изведбата на овој патен правец ќе добиеме најмодерно автопатско решение во должина од 40 километри и со тоа практично ќе биде заокружена една голема градежна инфраструктурна офанзива во однос на нови, модерни автопатишта во нашата држава. Како што знае јавноста, знаат граѓаните, во полн ек се изведуваат градежните работи на патните правци Градско – Прилеп каде што пред само неколку дена имавме можност да го видиме пробивањето и на вториот тунел на Фаришка Клисура. Исто така, се одвиваат работите и на патниот правец кој води кон Фаришка Клисура, што значи дека со завршувањето на сите овие патни правци ќе имаме комплетно автопатско решение од Коридорот 10, исклучување кон Прилеп, Битола и патот кон Меџитлија кон грчка граница“, истакна премиерот Ковачевски.
Во моментов во тек се саеми за работа на Коридорите 8 и 10-д, коишто најави дека ќе се организираат насекаде низ државава. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека градежните активности на терен добиваат своја динамика.
Денеска ова минирање подразбира дел од вкупниот процес за изградба на оваа патна врска меѓу Прилеп и Битола и сакам веднаш да потенцирам дека активностите се реализираат и побрзо од очекувањето и планираната динамика, нагласи Бочварски.
