Поплавите во регионот- потсетник за големите природни катастрофи кои ги преживеа Скопје

24.05.2014 17:22

Според податоците на европската канацеларија за хуманитарна помош и реакција во кризи во 2010 година се случиле најмногу природни катастрофи во светот во поблиското минато...

Надојдената вода, сликите на децата што ги спасуваат, старите скопјени ги потсетуваат на големите природни катастрофи кои тие ги преживувале. Пред 52 години бев дете, не бев свесна што точно се случува,  раскажува Елица.

„Со чамци не префрлуваа до другата страна на градот, во повисокиот дел, како што е Црниче населбата“, се сеќава Елица Данаиловска.

За време на земјотресот била една година постара. Се присетува на напуштањето на домот и заминувањето во велешка Чашка, каде што поминала една учебна година. Преселбата, немаштијата, не и преставувале толку голема болка како загубата на најблиските.

„Имав вујко и вујна кои живеат до хотелот Македонија, Вујкото наутро заминал на работа и кога се врати под рушевините беа сопругата и трите деца“, вели г-ѓа Данаиловска.

Во моментите кога се губи имот, кога животот е во прашање, кога блиски се во прашање, човекот мисли дека тоа е крај. Таа траума трае долго време, велат струњаците и тоа има влијание врз целото општество.

„Луѓето живеат во една зедница, во група со која дели една иста судбина. Тоа се случува по големите катастрофи. По некое време секој ќе почне да се грижа за своето семејство, за својот дом“, смета Илија Ацевски, унивезитетски професор.

Според податоците на европската канацеларија за хуманитарна помош и реакција во кризи во 2010 година се случиле најмногу природни катастрофи во светот во поблиското минато. Повеќе од 300.000 луѓе во светот биле жртви на природата. Една од најголемите катастрофи е земјотресот во Хаити. Истата година, во поплавите во Пакистан биле загрозени 20 милиони луѓе.

 

Наташа Јанчиќ