Приведени дрвокрадци од Неготино
При преглед во патничко возило „опел“ кое го управувал А.А. и патничко возило „крајслер“ кое го управувал Р.Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација.

Вчера вечер околу 23.50 часот на место викано „Чардак“ на подрачје на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност ги лишиле од слобода А.А.(23) и Р.Д.(29), двајцата од Неготино.
При преглед во патничко возило „опел“ кое го управувал А.А. и патничко возило „крајслер“ кое го управувал Р.Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација.
Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
