Прилеп и Битола ќе се поврзат со автопат
Се забрзуваат градежните работи на Коридорот 10-д, автопатската делница Прилеп-Битола е многу битна за економскиот и инфраструктурниот развој на пелагонискиот регион и на Македонија...

Со симболично минирање на трасата, почнаа интензивните градежни работи на автопатот Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10-д. Со модифициран пристап за скратување на времето за сите активности, од проекти до дозволи, паралелно се работи на испитувањата, на експропријацијата, на градежните активности.
Делницата е многу битна за економскиот и инфраструктурен развој на пелагонискиот регион и на државата.
„Ова автопатска делница е многу битна за Република Северна Македонија, особено за градовите Прилеп и Битола зашто ги поврзува со модерно, сигурно и современо автопатско решение. За граѓаните се отвораат и работни места и се развива и приватниот сектор“, изјави Ерик Мајер, заменик-амбасадор на САД.
Автопатската делница Прилеп-Битола е дел од Kоридорот 10-д до клучката кај Градско. На сите делници интензивно се работи.
Елизабета Митреска
