Активисти од цел свет денеска протестираат против уптреба на ГМО
Агенцијата за храна и ветеринарство, по препорака на Европската унија, во 2013 година ја прошири мониторинг програмата и ја контролира ГМО храната...

Традиционално, активисти од целиот свет, на 24-ти мај протестираат против употребата на генетски модифицираната храна (ГМО). Целта е да се подигне свеста на граѓаните за конзумирањето на ГМО организми и опасностите по здравјето кои од нив произлегуваат.
Во Македонија, сепак, овој настан го засени конфликтот помеѓу иницијаторите, поради поддршката кои ја добија од партијата ДОМ на Лилјана Поповска. Тие не сакаа да дадат изјава за медиумите и напоменаа дека настанот не треба да се користи во политички цели.
Инаку, Агенцијата за храна и ветеринарство, по препорака на Европската унија, во 2013 година ја прошири мониторинг програмата и ја контролира ГМО храната.
Минатата година, во светот, протестираа вкупно 2 милиони луѓе во 52 земји.
