Македонија

Законот за амнестија ќе опфати само 10% од осудените, идната недела ќе се најде на владина седница

14.09.2023 14:39

Податоците на Управата за извршување на санкции покажуваат дека од вкупно 2.345 затвореници, на слобода ќе излезат околу 250 луѓе кои се огрешиле пред законот. Министерството за правда појаснува дека целта на овој закон е да се растоварат затворите...

Предложениот Закон за амнестија ќе опфати само 10 проценти од осудените. Податоците на Управата за извршување на санкции покажуваат дека од вкупно 2.345 затвореници, на слобода ќе излезат околу 250 луѓе кои се огрешиле пред законот. Министерството за правда појаснува дека целта на овој закон е да се растоварат затворите, кои во моментов се преполни, а што земјава е постојано мета на критики во многуте меѓународни извештаи, како и од Комитетот против тортура на Советот на Европа.

Се новиот предлог-закон е предвидено, оние кои се со затворски казни до шест месеци целосно да се ослободат, а оние кои се осудени за полесни дела и отслужуваат казна над шест месеци, казните да им се намалат за 30 проценти.

Но, Законот нема да ги опфати луѓето кои се осудени на доживотен затвор, за убиство, кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право. Нема да опфатени ниту осудените за 27 април.

Премиерот Ковачевски очекува конструктивна дебата во Собранието. Опозицијата најави блокада на решението.

Се очекува новиот предлог-закон идната недела да се најде на владина седница.

Марина Стојанова-Тонева