Седумдесет проценти од граѓаните им веруваат на дезинформациитe
Професионалните медиуми мора на граѓаните да им понудат навремена, точна, прецизна, објективна, балансирана информација, советуваат комуниколозите. Клучно е да се подигне медиумската писменост…

Седумдесет проценти од граѓаните им веруваат на дезинформациите, покажува истражувањето од програмата за развој на Обединетите нации. Дезинформации, селективни информации, невистини, во време на социјални медиуми, тешко е да се дојде до вистината.
Професионалните медиуми мора на граѓаните да им понудат навремена, точна, прецизна, објективна, балансирана информација, советуваат комуниколозите. Клучно е да се подигне медиумската писменост.
Дезинформациите и лажните вести особено се засилуваат пред избори. Според новинарите, дезинформациите ја загрозуваат новинарската професија.
Новинари оценија дека за разлика од онлајн-медиумите, класичните медиуми, особено телевизиите, имаат канали за верификација пред да објават каква било информација.
Ана Јосифоска Тодоровска
