Македонија
МВР: Осомничениот за кражба во Шуто Оризари го призна делото, одземеното вратено на сопственичката
14.09.2023 18:01
Во службен разговор тој го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката...

Денеска во Полициската станица Чаир бил повикан А.Х.(51) од Скопје. Тој се сомничи дека на 12.09.2023 во Шуто Оризари извршил кражба, при што од отклучено возило, сопственост на Р.И.(33) од Скопје, одзел чанта со мобилен телефон. Во службен разговор тој го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
