„Брилијантни млади претприемачи“- избрани најдобрите идеи

24.05.2014 17:32

еќе втора година се спроведува овој проект кој им помага на младите да ги претворат своите бизнис идеи...

12 млади тимови, претприемачи ги презентираа своите идеи. Се натпреваруваа за титулата најдобра студентска компанија во бизнис план натпреварот „Билијантни млади претприемачи“.

Веќе втора година се спроведува овој проект кој им помага на младите да ги претворат своите бизнис идеи во реалност и да освојат награда од 15 илјади евра и консултантски услуги од страна на економски експерти. 

Добитничката на првата награда, Елена Попова, изјави дека оваа можност ќе ја искористи за да ја оствари својата идеја за бизнис- креирање на апликации за деца над три години.