МВР

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај и заштита од пожари

15.09.2023 08:38

Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Битола и Куманово во текот на вчерашниот ден на подрачјата под надлежност на овие организациони единици на МВР реализираа низа превентивни активности...

Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Битола и Куманово во текот на вчерашниот ден на подрачјата под надлежност на овие организациони единици на МВР реализираа низа превентивни активности, во најголем обем фокусирани на сообраќајот и сообраќајната безбедност.

Така, на подрачјето на СВР Битола, полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Македонски Брод, Прилеп и Ресен спроведоа превентивни активности од неколку кампањи за безбедност во сообраќајот: „Никогаш не вози под дејство на алкохол“, „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Притоа, на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Инаку, покрај овие активности, СВР Битола продолжи и вчера, во соработка со ЈП“ Национални шуми“ и Шумската полиција, да ја спроведува кампањата за заштита на шумите од пожари и бесправна сечна.

Во Куманово, пак, полициски службеници од СВР Куманово во повеќе основни училишта во градот реализираа едукативни предавања за учениците, односно практична настава за сообраќајните правила и прописи важни за безбедноста на децата во сообраќајот и како пешаци и како корисници на велосипеди и тротинети. Воедно децата беа запознати со улогата и задачите на полицаецот-сообраќаец.