Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

15.09.2023 08:45

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени, а максималната ќе достигне 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.